За нас

АРС ФРУИТ НАВОДНУВАЊЕ И ТЕХНОЛОГИЈА

СЕКОГАШ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

Убавината на свежото и зеленото зависи најмногу од знаењето за наводнување.
Правилното наводнување на фарма или градина не е едноставна задача.
Всушност секоја сорта растение и секој тип на почва имаат различна потреба од вода. Способноста за се задоволат овие различни потреби е вистинска уметност која бара големо искуство, материјали и инструменти со највисок квалитет.

Во минатото доставувањет на водата до плодните површини се вршела на различни начинI преку канали и слично при што се правела голема загуба на вода и налевањето се вршело во многу тешки услови, притоа не се добивала потребната количина вода за правилна вегетација затоа и производствените трошоци биле високи.

Денес веќе не е така. Довербата дадена на системот за наводнување, со можност да биде поставен под или над земја, рачно или автоматско регулирање резултира со максимални заштеди на време енергија вода.

АРС ФРУИТ ја има таа задача и одговорност да понуди најквалитетната опрема, материјали и елементи за системи за наводнување и системи за фертиригација.
Преку нашите системи секое растение може да добие подеднакво количество вода и хранливи состојки кои се доволни за правилна вегетација и поголем принос.
Многугодишното искуство и иновативните технологии кои ги имаме преку нашите партнери од Р. Италија и Р. Грција резултираат со врвни резултати кои срдечно се препозаени од нашите клиенти.

СЕКОГАШ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

ARS FRUIT water & irrigation technologies